Јокиќ: Лука е неверојатен кошаркар, трејдот го повреди

Трикратниот МВП во најсилната лига кошаркарска лига во светот НБА е исклучително близок со Словенецот Лука Дончиќ, па не е чудно што му поставија прашање за неговата моментална ситуација и преселбата во Лос Анџелес.

„Сметам дека двата тима се победници во таа размена, но Лука е играч каков што ретко се среќава, генерациски талент. Не велам дека Ентони Дејвис не е таков, меѓутоа, Дончиќ е кошаркар каков што досега не сме виделе. Неговото влијание врз играта е огромно. Градел нешто во Далас, мислам дека тоа го повреди. Самата размена не е премногу голема работа, но кога ќе се случи на таков начин, тогаш сè добива болни спомени. Можеби играчите почнуваат да го сфаќаат тоа лично“, посочи Јокиќ.

Слични