РК Алкалоид рутинирано против Борец Фрутиленд

Екипата на Алкалоид ја оправда фаворитската улога и славеше над  Фрутиленд со 42-30 во меч кој дојде по европските обврски на тимот, а се играше во рамки на македонската ракометнаСупер Лига,

Најдобар стрелец на мечот беше Мартин Ивановски  со 11 гола, пред Дамјан Митев со пет гола, додека кај Борец, Виктор Трифуновски погоди седум пати, а Марио Миланов имаше шест гола.

Екипата на Алкалоид е лидер во Суперлигата со 35 освоени бода и има 17 победи на 18 одиграни средби.

Слични