Се подготвува петти Грен Слем турнир?

Италијанската тениска федерација има идеја да организира петти Грен слем во светот на тенисот. Наводно, Италијанците понудиле околу половина милијарда евра за мастерс лиценцата во Мадрид.

Информацијата ја објави весникот „La Stampa“, кој пишува дека Италијанците би го откупиле Мадрид Опен и настанот би го претвориле во петти тениски Грен слем. Од Мадрид се уште нема одговор.

Рим моментално нема услови да организира ваков турнир. Италијанците би изградиле голем стадион за новиот Слем, а весникот додава дека оваа идеја ја помага и тоа што на чело на АТП е нивниот сонародник Андреа Гауденци. Во светот на тенисот има четири Гренд Слема.

Слични