Уште еден арапски тим после КК Дубаи сака да влезе во АБА лигата

Откако КК Дубаи беше успешно интегриран во АБА лигата, по истиот пат сака да тргне и комшијата од Абу Даби.

Една сезона подоцна Абу Даби сака да тргне во истиот правец дознаваат српските медиуми.

Главниот град на Обединетите Арапски Емирати веќе го подготвува својот тим, кој ќе игра во фантастична арена која ги задоволува стандардите на НБА лигата.

Сепак, засега постои можност тимот од Абу Даби да стартува од АБА 2 лигата, па ситуацијата е целосно отворена.

Да потсетиме, овогодинешниот фајналфор во Евролигата ќе се одржи во Абу Даби и неговата „Етихад Арена“.

Слични