Перински: „Каде што срцето е дома“ ги надмина очекувањата, интересот е огромен – повик до граѓаните на Ѓорче Петров

По успешните денови во Аеродром и Гази Баба, министерот за локална самоуправа Златко Перински, денес со „Каде што срцето е дома“  е во Ѓорче Петров.

Вели дека очекувањата не само што се исполнија, туку и се надминаа.

-Очекувањата се исполнија дури и можам да кажам дека се надминаа затоа што имавме прилика отворено да разговараме, без грам политика, со чинителите на локалната власт, со советниците. Да ги видиме нивните предизвици со кои што навистина се соочуваат бидејќи ниту едно законско решение не е совршено. Нормално, кога се користи подолго време секако му треба адаптација, затоа сме тука, рече Перински.

Министерот посочи дека е уште позадоволен од присуството и ангажманот на граѓаните.

-Во Аеродром и Гази Баба интересот беше огромен, имаше плодна дискусија, сето тоа ние го евидентираме и ќе го испорачаме и на следните локални избори во програмите кои треба да се креираат. Ги поканувам сите жители на општината Ѓорче Петров утре во 18:30 во Домот на културата е предвидена средбата со нив. Ги поканувам сите кои сметаат дека имаат потреба и можност да присуствуваат, да дојдат, отворени сме за соработка и отворен разговор, сакаме да ги слушнеме сите нивни потреби и што е можно повеќе од нив да решиме, посочи Перински.

Слични