Кои се можните двојки за осминафиналето во ЛШ?

Осминафиналето на Лигата на шампионите беше комплетирано со вчерашните натпревари и објавени се сите учесници во следната фаза од натпреварувањето.

Најдобрите осум екипи ​​го обезбедија тоа преку својата позиција на табелата, а екипите од 9 до 24 место мораа да минат низ плеј-офот за елиминациската фаза. Противниците беа извлечени со жрепка, исто како што ќе бидат извлечени и оние кои ќе играат во осминафиналето во петок.

Веќе се одредени можните двојки за осминафиналето, а жрепката што ќе се одржи утре напладне во Нион ќе елиминира еден од двајцата противници од претходно дефинираните можни двојки и ќе одреди кој ќе конкурира за четвртфиналето.

Првите натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите ќе се играат на 4 и 5 март, а реваншите на 11 и 12 март.

Можни двојки за осминафиналето на Лигата на шампионите:

ПСЖ – Ливерпул или Барселона

Клуб Бриж – Лил или Астон Вила

Реал Мадрид – Атлетико Мадрид или Баер Леверкузен

ПСВ Ајндховен – Арсенал или Интер

Фејнорд – Интер или Арсенал

Баерн – Баер Леверкузен или Атлетико Мадрид

Борусија Дортмунд – Астон Вила или Лил

Бенфика – Барселона или Ливерпул.

Слични