Ордановски ја нападна владата на САД: Трамп е лажго, Џеј Ди Венс е на раб на неонацизам, а Маск е расист
Новинарот на ова запраша „Има ли некој што ќе може да му се спротистави на Трамп или цел свет во милост и немилост во следните четири години“, на што Ордановски одговори:
-Тие што ќе му се спротистават на Трамп треба да бидат внатрешните состојби во САД, најелабориран модел на демократија. На пример, федералните судии можат да му се спротистават и некои од нив веќе му се спротивставуваат. Нознаете како е. Федералните судии може да забранат, но јас како шеф на администрацијата не ја спроведувам нивната одлука. Нема кој да го принуди, нема ни судска пракса за тоа, зашто првпат се случува претседател да се однесува како крал. Околу него има неконвенционални ликови, како што е Елон Маск, кој што практично функционира како потпретседател на Америка… предупредувам на тоа дека треба да причекаме ова цунами да помине, бидејќи од се ова што досега го направи нема конкретни големи ефекти… Ја гази Европа зашто Европа му е главен идеолошки противник, тоа предизвикува огромни потреси во европските ситуации, се стави комплетно на страната на крајната деснца во Европа. Тој и неговите. од Маск па надолу, се со една реторика која наликува на неонацизам, многу наликува на поддршка на тој вид на струи…
Ордановски со низа навреди за претседателот на Америка:
-Трамп е еден релативно лошо образован човек, во шеесетите има завршено економија на Универзитетот Пенсилванија, не бил брилијантен студент, а и тоа било некогаш, со многу мали широки култоролошки познавања од светот, од историјата, тотална тапа, исклучително нарцисоиден, мегаломан, со многу негативна енергија во него, со одмазда и практика на лажење.
Зборувајќи за демократијата во Европа Ордановски рече дека потпретседателот на САД Џеј Ди Венс рече дека е на раб на неонацизам. За шефот на американскиот Оддел за владина ефикасност Илон Маск рече дека создава платформа на германските неонацисти и дека во суштина е расист.
Ордановски тврди дека Трамп и рускиот претседател Владимир Путин за Украина разговарале само 5 минути. Преку договорот за минерали Трамп на најрекетарски начин се обидува да се наплати со многу стотици милијарди евра отколку што помгнал. Да ги видите условите, како да ти дојдат рекетари во кафеана и ти речат ќе ти ја запалиме кафаната ако не платиш рекет.
Понатаму коментира:
Путин за Трамп е како Гури, го има намачкано ко путер на леб.