Средба на актуелниот и првиот градоначалник на општина Ѓорче Петров

„Срдечна и значајна средба со првиот градоначалник на нашата општина, Јордан Јакасановски.

Денес, во просториите на Општина Ѓорче Петров, ја имав честа да поразговарам со Јордан Јакасановски, првиот градоначалник на нашата општина“, објави Александар Стојкоски.

-Неговото искуство, гледишта и совети се од голема вредност, затоа што темелите што ги поставиле нашите претходници се основа врз која продолжуваме да градиме. Секој што оставил печат во развојот на општината е дел од нејзината историја, но и инспирација за иднината!, потенцира во објавата Стојкоски.

Оваа средба беше потсетник дека советите и искуствата од повозрасните се како компас кој нè води кон подобро утре. Секаде каде што ќе одиме, ќе носиме со себе дел од нивната мудрост и љубов кон Ѓорче Петров, потенцира градоначалникот на општина Ѓорче Петров.

Слични