Веслачката федерација на Македонија доби нов претседател
Поранешниот истакнат македонски репрезентативец, но и долгогодишен спортски менаџер, Коста Хиохи е нов претседател на Веслачката федерација на Македонија.
На Редовоното изборно собрание на Веслачката федерација, избран е м-р Коста Хиохи кој е долгогодишен спортски работник и селектор на македонскиот национален тим, сега преземајќи ја и функцијата прв човек на федерацијата.