Дирекцијата за радијациона сигурност денеска во Штип продолжи со едукација за радиациона заштита на населението, работно изложените лица и животната средина
Дирекцијата за радијациона сигурност заедно со Здружението на радиолошки технолози на Македонија организираа еднодневен симпозиум на тема Радијациона заштита, дозиметрија и законска регулатива за заштита од јонизирачко зрачење, во хотел Изгрев во Штип. Симпозиумот со поздравен говор го отворија доктор Влатко Захариев, директор на Општа болница Штип и Зоран Бајовски, директор на Дирекција за радијациона сигурност. На симпозиумот, предавачи од ДРС, Институтот за јавно здравје и Лабораторијата за радијациона физика при ФЕИТ, говореа за постапките за издавање дозволи за вршење дејност со извори на јонизирачко зрачење, за персоналниот дозиметриски мониторинг, инспекцискиот надзор и заштита од јонизирачкото зрачење. Овој тип на едукативни настани се значаен процес во континуираната едукација на радиолошките технолози и кадар кој работи во зони на јонизирачко зрачење.
На симпозиумот беа опфатени следниве теми: постапка за аплицирање и издавање на дозволи за вршење на дејност со извори на јонизирачко зрачење, заштита од јонизирачко зрачење и биолошки ефекти, принципи и цели на персонален дозиметриски мониторинг, персонален дозиметриски мониторинг, инспекциски надзор.
Дирекцијата за Радијациона сигурност како регулаторно тело за заштита од јонизирачко зрачење продолжува со едукација за радијациона заштита на населението, работно изложените лица и животната средина. Овој тип на едукативни настани се значаен процес во континуираната едукација на радиолошките технолози и кадар кој работи во зони на јонизирачко зрачење.