ВМРО-ДПМНЕ: Ордановски кој важи за близок до СДС со шокантни навреди до Трамп, дали по Апасиев и Филипче скршнува од прозападниот курс на земјава?
Сашо Ордановски кој важи за близок до СДСМ излезе со шокантни тврдења и навреди дека американскиот претседател Доналд Трамп е “рекетар и неонацист, кој лаже”, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Од СДСМ нема ниту збор за ваквите навреди, ниту осуда и ниту јавно оградување, што значи дека оваа партија и Венко Филипче се согласуваат со ваквите навреди кон важните стратешки партнери на државата.
Оттука јавно прашуваме дали ова не е јасно скршнување од прозападниот курс на СДСМ?
Кој е ставот на Венко Филипче за ваквите навреди?
Зошто се толку возбудени и нервозни доскорешните апологети на СДСМ?
Дали по примерот на Апасиев и Венко Филипче скршнува од прозападниот курс и смета дека американскиот претседател е неонацист и лажго?“, потенцираат во соопштението.