Ѓорѓиевски на свеченото отворање на 41-те Маџирмаалски средби
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на свеченото отворање на 41-те Маџирмаалски средби. На покана на организаторот, заедно со градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски проследија дел од наптреварите кои традиционално, веќе 41 година се одржуваат во ова познато скопско маало.
-Маџир Маало е едно од најстарите скопски маала, култно место од кое зрачи посебна хемија. Овде се чувствува Скопје во својот полн сјај. Огромна е мојата чест што бев поканет да присуствувам на 41-те Маџирмаалски средби, заедно со колегата Горан Герасимовски, кои речиси половина век успешно се организираат. Посакувам уште долги години да траат, да се организираат овие средби кои ја чуваат традицијатата и духот на Скопје. Честа беше моја-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.