РФМ доби парична казна од ЕХФ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука за два случаи отворени против Хрватската ракометна федерација и Ракометната федерација на Македонија.

Двете федерации не ги пријавија термините во важечките рокови за натпреварите од квалификациите за Европското првенство во 2026 година.

Ракометниот суд утврди дека недавањето на задолжителните информации е јасно и крајно сериозно прекршување на прописите на ЕХФ и на обврските кои произлегуваат од учеството на натпреварот. Така судот одлучи да изрече парична казна од 3.500 евра за двете федерации.

Од оваа глоба, 1.500 евра се изречени условно, со две години пробен период почнувајќи од датумот на оваа одлука.

Во рок од седум дена може да се поднесе жалба до Апелациониот суд на ЕХФ.

Слични