Гасперини нема да го продолжи договорот со Аталанта
Шокантна изјава на Џанпјеро Гасперини, стратегот на Аталанта. Изјава која е топ тема во Италија, пред се во Серија А.
Познато е дека со овој стратег клубот од Бергамо се вивна во врвот на фудбалска Италија, но дека сепак не било се така идеално, говори податокот дека по само еден меч некои не така добри работи излегоа на површина, а тоа е натпреварот со Бриж во ЛШ.
„На крајот од годината ќе видиме што ќе правиме. Дали предвреме ќе си заминам или пак ќе останам до крајот на договорот. Од друга страна можам да кажам дека немам намера да го продолжувам договорот, тоа е дефинитивно“.