РК Алкалоид е четвртфиналист во Европскиот куп на ЕХФ

Македонскиот ракометен суперлигаш Алкалоид обезбеди место меѓу осумте најдобри во Европскиот куп на ЕХФ, со новата победа над италијански  Бриксен со 38-31 на реваншот кој се одигра во салата „Автокоманда“ во Скопје.

Избраниците на Кирил Лазаров во првиот дуел го совладаа ривалот со високи 12 гола разлика, па на вториот меч во македонскиот град тренерот можеше да си дозволи ротации и да испробува повеќе варијанти.

Сепак, победата не беше доведена под прашалник, па Алкалоид со шест победи на шест меча во еврокупот се пласира меѓу осумте најдобри.

Најдобар стрелец во македонската екипа беше Александар Петковски со осум гола, пред Марко Митев со седум гола, додека кај Бриксен, Де Оливеира Кандидо имаше 12 постигнати гола. Ривалот во четвртфиналето Алкалоид ќе го дознае на ждрепка која ќе се одржи на 25 февруари.

Слични