РК Е.Пелистер ја распродаде салата пред мечот со РК Алкалоид

Во понеделник се игра ракометното дерби помеѓу РК Е. Пелистер и РК  Алкалоид во19 рунда во Суперлигата, дерби кое ќе се игра пред преполни трибини во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Имено од актуелниот шампион ја информираа јавноста дека се продадени сите билети за ова соочување кое ќе започне од 18 часот.

Во Битола дефинитивно владее еуфорија по се подобрите изданија на екипата во Лигата на шампионите, па сега навивачите очекуваат тоа да се потврди и на домашната сцена со квалитетен настап против еден од директните конкуренти за пехарот.

Само за потсетување Алкалоид го доби првиот натпревар со Пелистер со 32:25, а претходно избраниците на Лазаров славеа и во Супер Купот на Македонија со 33:30.

 

Слични