ЕУ и САД на спротивни страни во ОН за резолуцијата за Украина
Обединетите нации денеска треба да ја одбележат третата годишнина од војната во Украина со повик за враќање на мирот, но сè уште се води неизвесна дипломатска битка дали да се гласа за текстот предложен од Украина со поддршка од ЕУ, или за предлогот на САД.
Клучна разлика помеѓу резолуцијата предложена од Украина со поддршка на ЕУ експлицитно бара моментално и безусловно повлекување на руските сили, додека во предлогот на САД не се спомнува „инвазија врз Русија“ ниту „интегритетот и суверенитетот на Украина во меѓународно признаените граници“.
Украинскиот предлог ги потврдува претходните резолуции на ОН, бара завршување на руската инвазија и моментално, целосно и безусловно повлекување на руските сили и повикува на деескалација, прекин на непријателствата и мирно решавање на судирот.
Додека америакнаката резолуција е поопшта, изразува „жалење поради трагичната загуба на животи“, апелира на „брзо завршување на судирот“ и ја повторува дека основната цел на ОН е зачувување на меѓународниот мир и безбедност и мирно решавање на споровите и „силно апелира за брзо завршување на судирот и на траен мир помеѓу Украина и Русија“.
И покрај притисокот од САД, Украина одби да ја повлече својата нацрт-резолуција за која денеска ќе гласа Генералното собрание на ОН.
За американската резолуција за Украина денеска по гласањето во Генералното собрание на ОН, треба да гласа и Советот за безбедност на ОН. За усвојување на резолуцијата потребни се најмалку девет гласа „за“, под услов ниту една од петте постојани земји-членки на СБ на ОН (САД, Русија, Кина, Франција и Велика Британија) не стави вето.
Резолуциите на ГС не се правно обврзувачки, тие се клучен индикатор на глобалниот став. Од руската инвазија на 24 февруари 2022 година, ГС усвои повеќе резолуции во кои се осудува војната и се бара итно повлекување на руските сили.
Република Македонија е ко-спонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина. (МИА)