Никола Јокиќ ниже рекорди (ВИДЕО)
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ имаше импресивен настап, постигна 18 поени, 19 асистенции и 9 скока.
Денвер Нагетс го совлада Индијана Пејсерс со 125:116 доминирајќи во поголемиот дел од натпреварот.
Неговите 19 асистенции претставуваат нов личен рекорд, и воедно со нив се изедначи на второто место со најмногу асистенции на еден центар во историјата на НБА. ,
По оваа победа, Денвер Нагетс имаат скор 38-20 и го држат второто место во Западната конференција.