Џоел Ембид го чека пауза од една година?!

Репрезентативецот на САД, Џоел Ембид поради повреда на коленото е надвор од терените околу два месеци, а иако изгледаше дека брзо  ќе се врати, изгледа тоа нема да се случи.

Докторите во Филаделфија се обидувале да избегнат операција, меѓутоа според последните информации од САД таа е неизбежна.

Најавите се дека докторите размислуваат за замена на менискуот, како и за остотомија. Во прашање е процедура во која докторите ја кршат коската на колкот со цел да го пренасочт зглобот.

Сето тоа за Ембид би значело и долга пауза и отсуство од терените најмалку една година.

„На почетокот се изгледаше дека ќе биде рутинско закрепнување, но на крајот работите тргнаа во неочекуван и спротивен правец“, пишуваат медиумите.

Слични