Скопјанец со автомобил излетал од булевар во Скопје, со тешки повреди пренесен на Клинички
На 25.02.2025 околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје, патничко возило „сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ч.(47) од Скопје, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.