Плејмејкерот на Париз и репрезентацијата на Македонија игра феноменално во својата дебитантска сезона во Евролигата, но вели дека воопшто не се оптоварува со некои индивидуални признанија. За престижната награда МВП ќе се „трка“ со Саша Везенков и Кендрик Нан до крајот на сезоната.
„Пред се, сакам да кажам дека е голема чест да се игра во натпреварување како што е Евролигата. Да се биде во иста конкуренција за МВП со играчи како Везенков, чии успеси зборуваат сами за себе, и Нан, кој е неверојатен играч, е голема чест и благослов. Моментално играм на највисоко ниво и среќен сум што припаѓам таму. Немам никакви тајни. Само работам напорно и постојано тренирам. Работа и верба во Бога. Верувам во големи соништа и верувам дека Бог ме става во одредена позиција со причина“ – вели Шортс, кој минатата сезона со Париз го освои Еврокупот.