Лојалистот на СДСМ Рубин Земон со навреда кон граѓаните надвор од Скопје, обидувајќи се да го оправда дебаклот на Ана Чупеска

Поранешниот пратеник и универзитетски професор Рубин Земон предизвика бурни реакции во јавноста откако на социјалните мрежи го навреди пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ, нарекувајќи го „стоматолог што работи во провинција“. Со ова, Земон индиректно навреди голем број граѓани кои живеат и работат надвор од главниот град, сугерирајќи дека нивното потекло ги прави помалку компетентни за учество во јавната дебата.

Оваа негова реакција доаѓа како обид да го поправи впечатокот од телевизиската дебата на ТВ Телма, каде пратеничката Ана Чупеска доживеа дебакл во расправата со Ристески. Наместо да аргументирано ги брани нејзините ставови, Земон посегна по потценувачка и дискриминаторска реторика, што дополнително ја продлабочи контроверзијата.

Пратеникот Петар Ристески, кој е стоматолог од Прилеп, засега нема дадено јавен коментар на навредите.

Слични