Пренџов: Битката против корупцијата не е лесна и бара интегриран пристап кој вклучува превенција, казнена одговорност и едукација

Утрово имав можност да се обратам на консултативната средба за имплементација на Националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси (2021-2025) и патоказ за развој на нова антикорупциска стратегија 2026-2030 година, истакна пратеникот Љупчо Пренџов.

-Корупцијата е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат современите општества. Таа не само што ја поткопува довербата во институциите, туку го нарушува и економскиот развој, го создава јазот помеѓу богатите и сиромашните. Битката против корупцијата не е лесна и бара интегриран пристап кој вклучува превенција, казнена одговорност и едукација на сите нивоа на општеството, рече Пренџов.

Слични