Претседателот на Италијанската фудбалска федерација: Намалувањето на тимовите во Серија А не е на дневен ред

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација Габриеле Гравина, кој неодамна беше реизбран, објави дека намалувањето на тимовите во Серија А од 20 на 18 не е тема која се разгледува.

“Тоа е објективно барање на системот. Одржливоста бара проект. Овој формат има свои слабости. Да ги намалиме тимовите во Серија А од 20 на 18 не е тема на разгледување. Повеќе размислуваме за други опции, како во Серија Б, каде што има плејофи и плејаути, што принудува многу тимови да прават поголеми трошоци од страв тимовите да не паднат во Серија C. Наша должност е да ги зачуваме првенствата,” изјави Гравина, цитиран од весникот “Гадзета дело Спорт”.

Слични