Дете нападнато и повредено во ходник од зграда, еве кој ќе одговара
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.Р.(32) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
На 09.12.2024 во ходник од станбена зграда во Виница, пријавената физички нападнала 14-годишно дете и му нанела повреда.