Рубио му се заблагодари на Трамп што „застанал во одбрана на Америка“
Американскиот државен секретар, Марко Рубио кој беше во Овалната соба при посетата на украинскиот лидер Володимир Зеленски, се огласи на социјалните мрежи X за да му се заблагодари на Трамп што „застанал во одбрана на Америка на начин на кој ниту еден друг претседател досега немал храброст да го стори“.
„Ви благодариме што ја ставивте Америка на прво место. Америка е со вас!“, додаде Марко Рубио.