Се огласи Трамп: Зеленски покажа непочитување кон САД, нека се врати кога ќе биде подготвен за мир

Американскиот претседател Доналд Трамп објави соопштение на својата социјална мрежа Truth Social, по скандалот во Белата куќа и неговата средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Изјавата на Трамп ја пренесуваме во целост:

„Денеска имавме многу значаен состанок во Белата куќа. Се научи многу што никогаш не може да се разбере без разговор под таков оган и притисок. Неверојатно е она што произлегува од емоциите и јас утврдив дека претседателот Зеленски не е подготвен за мир доколку Америка е вклучена, бидејќи тој чувствува дека нашата вклученост му дава голема предност во преговорите. Не сакам предност, сакам МИР. Тој не ги почитуваше Соединетите Американски Држави во нивната ценета Овална соба. Може да се врати кога ќе биде подготвен за мир“.

Слични