Слушнете ја кавгата меѓу Трамп и Зеленски (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп му порача на Володимир Зеленски дека Украина има големи проблеми и нема да победи во конфликтот со Русија.

Трамп нагласи дека САД и Русија започнале преговори за можно решавање на украинскиот конфликт, а штом ќе се постигне тој договор, оцени тој, Москва повеќе нема да има причина да ги обновува непријателствата.

Коментирајќи ги зборовите на Зеленски дека сè уште не е подготвен да стави крај на вооружениот конфликт, Трамп го потсети дека Украина останува без војници. Како што рече, шефот на режимот во Киев си поигрува со животите на милиони луѓе и ризикува да започне Трета светска војна.

Американскиот лидер нагласи дека клучно прашање останува прекинот на непријателствата и распределбата на финансиски средства за обнова. „Илјадници војници умираат од двете страни. „Сакаме ова да престане и парите да одат за реконструкција“, рече тој.

Американскиот лидер изрази надеж дека САД нема да мора да испорачаат уште многу оружје на Украина, но дека испораките секако ќе продолжат во иднина.

„Јас сум во средината меѓу Русија и Украина. Не сум за ниту една страна“, рече Трамп, нагласувајќи дека неговата намера е да го реши конфликтот и изрази надеж дека ќе остане запаметен како „миротворец“.

За време на средбата, американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс го обвини Зеленски дека „ги кара американските медиуми“ и додаде дека неговите коментари се полни со непочитување, прашувајќи го: „Дали еднаш кажа благодарам?“

Заедничката прес-конференција е откажана бидејќи како што пишуваат тамошните медиуми, Трамп го избркал Зеленски од Белата куќа.

 

Слични