Тројца приведени за организирање борба со кучиња

Полициски службеници од СВР Тетово вчера попладне во во с.Долно Палчиште, тетовско ги лишиле од слобода А.М.(18) од с.Горно Палчиште, С.У.(50) од с.Долно Палчиште и Ј.И.(43) од прилепското село Дебреште, постапувајќи по претходна пријава дека организирале борба со кучиња.

За настанот биле известени јавен обвинител и Агенција за храна и ветеринарство, кои излегле на местото и кои ги преземале кучињата за понатамошна постапка.

Лицата биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични