РФМ ги одреди цените на билетите за мечевите со Словенија
Македонскатаma машка ракометна репрезентација на 12-ти март во Скопје ќе ја пречека Словенија во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство, а федерацијата одреди симболични цени за билетите за натпреварот.
Продажбата на билетите за дуелот, што се игра во арената „Борис Трајковски“, стартува на 3.март, понеделник, од 12 часот.
Цените се 200 и 300 денари, а навивачите ќе можат да купат онлајн преку продажната мрежа на МК Тикетс, но и на неколку локации низ Скопје меѓу кои и на три бензиски на Макпетрол во Козле, Влае и на булеварот Илинден. Надвор од главниот град билети можат да се купат и во Велес, Куманово, Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Струмица и Штип.
Македонија во евроквалификациите по двете одиграни кола има победа против Естонија на домашен терен и неочекуван пораз од Литванија на гости. Македонија ќе ја пречека Словенија на 12-ти март, а четири дена подоцна ќе гостува во Копер кај истиот ривал.