Анчелоти: Ако играме вака во иднина…
Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти после мечот и поразот од Бетис беше разочаран.
-Почнавме добро, но не можевме да го одржиме почетниот ритам, во однос на ставот и посветеноста. Излеговме од контрола против екипа која одигра подобро и заслужи да победи. Ова е тежок удар.Мора да реагираме. Поразот во овој момент е многу скап поради трката, а ние Не се снајдовме добро на овој натпревар, -рече тренерот Карло Анчелоти кој очекува реакција на неговиот тим веќе на соочувањето со Атлетико во ЛШ.
Ако играме вака, тогаш нема да победиме во вторник, сосема е јасно. Се надеваме дека ова ќе ни помогне да се разбудиме. Се чинеше дека во последно време бевме организирани, компактни, но денес не можевме да го направиме тоа, -рече Италијанецот кој даде и коментар за замената на Килијан Мбапе.
-Мбапе не тренираше многу и не беше на своето најдобро ниво. Тоа беше очигледно. Затоа, за да избегнат проблеми, претпочитав да го отстранам и да го ставам Ендрик. Тој тренираше малку и не беше на 100 проценти, -заврши предводникот на Реал.