Дуплантис по 11-ти пат во кариерата го урна светскиот рекорд во скок во височина (ВИДЕО)
Арманд Дуплантис, шведскиот атлетичар по 11-ти пат во кариерата го собори светскиот рекорд во скок во височина. На натпреварување во Франција популарниот Мондо успеа да прескокне 6,27 метри.
Долго пред рекордниот скок успеа да ја обезбеди победата во ова натпреварување, па во последното коло реши да се обиде и на крајот успеа.
Интересно е тоа што Швеѓанецот пред натпреварувањето за АФП изјави дека неговата цел е да го собори рекордот и да ги помести границите.
– Тоа би било одлично. Тоа е мојата цел, мислам дека можам да го направам тоа. Секако, сѐ мора да се поклопи и морам постојано да скокам за да бидам во позиција да го соборам рекордот, но мислам дека тоа е можно – рече Дуплантис.
https://twitter.com/i/status/1895598997676700123