Колку заработуваат најдобрите десет ракометари?

На почетокот на месецот моментално најдобриот светски ракометар, магичниот Данец Матијас Гидсел ја продолжи соработката со Фиксе Берлин до 2029 година, добил драстично зголемување и сега заработува 50.000 евра месечно.

На делба на првото место е одличниот германски голман Андреас Волф, кој исто така заработува 50.000 евра месечно. Зад него е пивотменот на Фленсбург, Јоханес Гола со 32.000 евра, а зад него е десното крило на Мелсунген, Тимо Кастенинг со нешто повеќе од 30.000 евра.

Магичната бројка од 50.000 евра месечно се шпекулира дека да ја има и капитенот на Барселона, Дик Мем, но тоа не е потврдено.

Најдобриот голман на денешницата Емил Нилсен предизвика земјотрес кога на почетокот на годината одби да го продолжи договорот со Барселона и реши да се пресели во Веспрем летото 2026 година, кога му истекува договорот со Каталонците. Сигурно тогаш Нилсен ќе ја прескокне магичната бројка од 50.000 евра.

Слични