Пелистер подобар од Шкупи, ТФТ поразен од Чаир
Екипите на Пелистер и Чаир 2030 славеа победи во двата последни натпревари од денешната програма во првата македонска лига.
Пелистер како гостин го доби Шкупи со 103:70. Битолчани беа супер доминантни во вториот и третиот период каде со 31:10 и 25:9 го направија клучниот исчекор кон посакуваниот резултат.
Мишковиќ беше најрасположен за игра со дабл-дабл од 33 поени и 10 скока, плус 7 асистенции.
Чаир пак во скопската пресметка го доби ТФТ со 84:62. Домаќините имаа пеколни први десет минути кои ги реализираа со 31:0 и потоа имаа максимална контрола на играта и резултатот до самиот крај.
Комплетната старна петорка кај победникот беше двоцифрена, односно клупата на Чаир не даде ниту еден поен. Браун со 12 беше прво име кај поразените.