Македонскиот национален боксерски тим на подготовки во Загреб

Македонскиот сениорски боксерски национален тим од денеска e во Загреб, Република Хрватска на мини подготовки од 3-ти до 8-ми март на покана на Хрватскиот боксерски сојуз.
Националниот тим во хрватската престолнина отпатува со следните боксери:
Наум Стојаноски, Ален Рустемовски, Адријан Рустемовски , Лука Трифуновиќ, Стефан Петрушевски и Илчо Костовски.
Сениорскиот национален боксерски тим на овие подготовки ги води прославеното боксерско име и воедно и освојувач на Олимписки медал Реџеп Реџеповски.

Слични