Делови од Центар и Гази Баба во понеделник ќе останат без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје,  по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје ги информира граѓаните дека на ден 10.03.2025 година (понеделник), дел од корисниците ќе останат без вода.

Поради изведувње  водоводен приклучок на водовдна мрежа со пречник од Ф-80мм на ул. „Киро Крстевски Платник“ 6, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата,  прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул. „Киро Крстевски Платник“ во општина Центар.

Поради дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од  Ф-80мм на ул. 36 бр. 12 во с. Трубарево, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од  дел од с. Трубарево во општина Гази Баба.

Слични