Евролига: КК Црвена Звезда поразена во Минхен, Панатинаикос го преслуша Реал

Кошаркарската секција на Баерн му нанесе тежок пораз на српскиот шампион Црвена Звезда и успеа да слави во натпревар во кој постигна точно 100 поени, па на тој начин сега има една победа повеќе од шестопласираната Звезда.

Победата од 100:82 беше доведена во прашање само во првата четвртина во која Звезда беше за нијанса подобар тим, но во продолжение Баерн почна да го „меле“ противникот, до таа мера што имаше и 29 поени разлика во третата четвртина (77:48).

До крајот на мечот, домаќините малку се опуштија и дозволија Звезда да се избори за подостоен пораз, кој инаку е втор во низа во Евролигата.

Од одиграните натпревари вечерва, доста внимание привлече и репризата на минатогодишното финале меѓу Панатинаикос и Реал Мадрид, епизода во која одново подобар беше грчкиот великан.

Реал игра во очајна форма оваа сезона и веќе е надвор од местата кои обезбедуваат разигрување, па по неуспехот од 85:70 има ист биланс на победи и порази (14:14).

Слични