Маж тешко повреден, го удрил трактор откако се симнал од него
На 06.03.2025 околу 12:50 часот во ОВР Радовиш било пријавено дека К.Е.(69) од Радовиш во дворот од неговата куќа го стартувал тракторот „ИМТ 539“, а откако се симнал, тракторот се придвижил наназад и го удрил.
К.Е. бил пренесен во Општа болница Радовиш, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.