Перински: Владата издвои околу 160 милиони денари, а за вториот јавен повик предвидени се повеќе од осум милиони евра

Министерот за локална самоуправа Златко Перински во рамки на теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“ во организација на Министерството за локална самоуправа присуствуваше на почеток на реконструкција на потпорните ѕидови и регулирање на коритото на реката Мала Рада во с. Драчево во Општина Кисела Вода.

-Владата и нејзината заложба во насока на поддршка на сите локални самоуправи продолжува и понатаму се со цел да го помогнеме, подобриме и животот на сите наши сограѓани. Денес сме во Општина Кисела Вода во населбата Драчево каде што практично воведуваме во градежни активности за изградба и уредување на речното корито на реката Мала Рада. Ова е многу значаен и битен проект за овие граѓани коишто циркулираат на оваа теритотија од Општина Кисела Вода, заради тоа што во изминатите декади нивните имоти и нивните поседи беа загрозени кога се случуваше да оваа река надојде. Сите овие работи кои во минатото се случуваа со практична имплементација на овој градежен зафат на овој проект, ќе се превенираат и во иднина нема да имаме вакви несакани случки и состојби, изјави министерот Пирински.

-За пофалаба е заложбата на Владата, бидејќи преку првиот јавен повик за општина Кисела Вода издвои околу 160 милиони денари, веќе за вториот јавен повик предвидени се повеќе од осум милиони евра, што значи дека покрај градежниот бум што самата Опшина Кисела Вода ќе го доживее индирекно ќе предизвика и економски бум. Практично тоа се и целите на оваа Влада да стимулира економија, а од друга страна да го подигнува и подобрува квалитетот на живот на сите наши граѓани, реде Перински.

Вредност на проектот за реконструкција на потпорните ѕидови и регулирање на коритото на реката Мала Рада во должина од 2,5 км и ширина 4 м изнесува 30.000.000 денари.

Ова е еден од четирите капитални проекти на Општина Кисела Вода кои се реализираат со средства од државниот буџет по првиот јавен повик за финансиска поддршка на општините.

Слични