Премиерот Мицкоски утре на увид на градежни активности во Свети Николе
Утре 08.03.2025 година (сабота) со почеток во 12:30 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе биде во посета на општина Свети Николе каде што ќе изврши увид на градежни активности кои се во тек и тоа:
Изградба на улицата „Живко Чинго“, проект вреден 5 милиони денари, средства обезбедени од државниот буџет по првиот јавен повик за финансиска поддршка на општините.
Изградба на балон сала во СОУ „Кочо Рацин“. Проект вреден 6 милиони денари, средства обезбедени од Центар за развој на Вардарски плански регион.
Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.