Ракометарките поразени од Србија во првиот контролен меч
Женската ракометна репрезентација на Македонија се соочи со Србија во првиот контролен дуел во рамки на ЕХФ неделата и доживеа пораз со резултат 21-34 (полувреме 11-20).
Двете селекции се соочија на српско тло, а домашните ракометарки кои имаа поискусен тим беа далеку подобри. Србија водеше цела средба од почетокот до крајот, а проблем во нашиот национален тим беа техничките грешки.
Србија на овој дуел беше засилена со искусните имиња – поранешните вардарки Лекиќ и Цвијиќ, како и Крпеж. Трите се вратија во репрезентацијата по долга пауза. Највисоката разлика на Србија на овој меч беше 13 гола.
Најдобра кај Македонија беше Дамјаноска со шест гола, а кај Србија, Крпеж имаше седум реализации. Македонија и Србија ги чека уште еден пријателски дуел во Бор, закажан во сабота од 13:00 часот.