Босанскиот ракометен сојуз ја затвори канцеларијата

Генералниот секретар на Ракометниот Сојуз на Босна и Херцеговина, Недим Арнаутовиќ, им упати писмо на членовите на УО и ги извести дека се затвора канцеларијата на РСБИХ.

Иако постоеја знаци дека ракометот во оваа држава оди во нагорна линија, сепак очигледно е дека се уште e во тотален колапс.

Вработените во престојниот период ќе работат од дома, бидејќи ген. секретар одлучи да ги поштеди од дополнителни трошоци како превоз и дневни потреби, бидејќи не им тече ниту работен стаж, а одамна немаат земено плата.

Пред неколку дена во просториите на РСБИХ имало и извршител кој дошол да „наплати“ долг кон Здравствениот дом Бања Лука и да заплени дел од имотот.

Поради неплаќање, сојузот на крајот на месецот ќе остане и без пристап до системот преку кој се врши лиценцирање клубови и играчи за домашните и европските натпреварувања.

Слични