Голтнал опаковка со дрога за да ја сокрие од полицијата, охриѓанец со лисици на раце пренесен во болница

На 07.03.2025 година во 17:20 часот, на пресекот на улиците „Кленоец“ и „Железничка“ во Охрид, лишен од слобода е М.Ј.(30) од Охрид.

Тој, при контрола на неговиот патнички автомобил „Рено“ со охридски регистарски ознаки, проголтал опаковка со бела прашкаста материја по што е пренесен во Општата болница во Охрид.

По преземени неопходни медицински мерки, опаковката е обезбедена по што ќе следи вештачење.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични