„Македонија треба похрабро да го бара излезот од кошмарот на глобализацијата“
Светот на глобализацијата заврши на 20 јануари, оваа година, со инаугурацијата на актуелниот американски претседател, Доналд Трамп. Парадигмите се менуваат и овој период на промена ќе трае. Во овие околности, потребна е храброст, но и добро е Македонија да се изјасни каде припаѓа, на кој дел од светот му припаѓа, смета амбасадорот и поранешен вицепремиер за евроинтеграции, Ивица Боцевски, како добар и внимателен аналитичар на геополитичките процеси, пренесе МКД.МК.
„Трите столба на македонската надворешна политика се непроменети, кои се потпираат на трансатланската врска и евроинтеграциите. Нема контрадиција меѓу овие наши аспирации, кои се обединуваат во членството во НАТО. Можеби во овој миг има разногласје околу начинот и средствата за постигнување мир во Украина, меѓу САД и ЕУ, но трансатланската врска е жива. Сепак, можеби треба похрабро да се застане на американската страна во оваа дебата за вредностите и двојните стандарди на Европската Унија, што ги лоцираше во својот говор на Минхенската конференција, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс. Впрочем, Македонија е еклатантен пример на жртва на тие двојни стандарди и вредности на Европската Унија, па и во поглед на слободата на говор. Сега во ЕУ нè цензурираат нас Македонците и кога ќе кажеме Македонија! Затоа Македонија треба да учествува во оваа дебата, да се изјасниме идеолошки каде припаѓаме и да ги декларираме своите вредности и интереси. Глобализацијата испадна кошмар за Македонија и мораме да се извлечеме од него во постглобалистичкиот период кој се воспоставува“, цени дипломатот и аналитичар Ивица Боцевски.
Целата анализа прочитајте ја на МКД.МК