При акциска контрола во угостителски објект, приведени се четри странски државјанки
Денеска во раните утрински часови полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект на локација на автопатот Тетово – Гостивар.
При акцијата, поради злоупотреба на туристички престој, односно престојување спротивно на целта, биле приведени четри странски државјанки, и тоа две од Република Албанија, една од Косово и една од Молдавија кои биле на возраст од 26 до 31 година.
Лицата се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.