Ништо повеќе нема да биде исто: Еве како ќе изгледа првата емисија на „Ѕвездите на Гранд“ без Саша Поповиќ (ФОТО)
Саша Поповиќ беше погребан пред два дена на Бежанијските гробишта во Белград. Тагата и болката поради загубата на Саша Поповиќ не стивнуваат, особено кај оние кои тесно соработуваа со него низ годините.
Поповиќ беше погребан во четвртокот, а многу негови пријатели, колеги и соработници продолжуваат да му оддаваат почит и да ги искажуваат своите емоции по неговата смрт.
Една од оние кои имаа можност да соработуваат со него е пејачката и водителка Ана Севиќ. Нејзината професионална врска со Поповиќ траеше со години – од моментот кога како млада пејачка се натпреваруваше во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, преку ангажманот во емисии како водител, па се до актуелната сезона каде привремено ја замени Сања Кужет за време на бременоста.
Откако Гранд продукција го загуби својот основач и креативен директор, Ана Севиќ на социјалните мрежи објави дека следната емисија на „Ѕвездите на Гранда“ ќе биде посветена на Саша Поповиќ.