Посета на Министерoт за култура и туризам Зоран Љутков во Струмица

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, утре ќе реализира посета во Општина Струмица, во рамките на која ќе се остварат значајни средби и активности поврзани со културното наследство и развојот на културата во регионот.

Љутков ќе ги посети археолошкиот локалитет Бања Банско, каде што ќе се разгледаат проектите финансирани од пограничните фондови; работна посета ќе оствари и во НУЦК Антон Панов Струмица, со средба со актерите пза време на нивната проба. Ќе го посети и Стар театар Струмица, со увид во објектот.

Министерот за култура и туризам ќе ја посети Црквата Св. Кирил и Методиј во Струмица, црква на која ќе започне да се работи со конзервација, реставрација и санација на истата. Од таму Љутков ќе го посети Манастирскиот комплекс Црквата Св. Леонтиј во Водоча.

Оваа посета е од особено значење за промоција на културното наследство и поддршката на културните институции во Струмица. Во текот на посетата, Министерот Љутков ќе има можност да се запознае со актуелните проекти и иницијативи во областа на културата.

Слични