Шампионот Бостон подобар од ЛА Лејкерс (ВИДЕО)

Победничката серија на Лос Анџелес Лејкерс ја прекинаа нивните најголеми ривали и актуелни шампиони во НБА, Бостон Селтикс.

Бостон им нанесе пораз на Лејкерс од 111:101 и со тоа ја прекина нивната серија од осум победи. По тензичното прво полувреме, натпреварот го реши одличната трета четвртина на Селтикси кои ја добија со 29:13 и со тоа дојдоа до недостижни 20 поени разлика.

Џејсон Тејтум постигна 40 поени, 12 скока и осум асистенции. Имаше и две украдени и една блокада. Го следеше Џејлен Браун со 31 поен и шест скока, како и две асистенции, украдена топка и блокада.

Лука Дончиќ беше најдобар стрелец кај Лејкерси со 34 поени и осум скока. Леброн Џејмс беше блиску до трипл-дабл со 22 поени, 14 скока и девет асистенции. Потенцијален проблем за Лејкерси е фактот што Леброн се повреди на средината на четвртата четвртина.

НБА резултати:

Шарлот Хорнетс – Бруклин Нетс 105:102

Хјустон Рокетс – Њу Орлеанс Пеликанс 146:117

Атланта Хокс – Индијана Пејсерс 120:118

Торонто Репторс – Вашингтон Визардс 117:118

Мајами Хит – Чикаго Булс 109:114

Милвоки Бакс – Орландо Меџик 109:111

Голден Стејт Вориорс – Детроит Пистонс 115:110.

 

https://www.youtube.com/watch?v=7EO9eFrId-Q&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fsportsport.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

Слични