Барселона сепак ќе му го продолжи договорот на Рафиња

Раководството на Барселона има намера да му го продолжи договорот на Рафиња и со тоа да го направи еден од најплатените играчи во клубот.

Интересно е тоа што Рафиња со Барса има договор до јуни 2027 година, а сега каталонците сакаат да го продолжат до 2030 година.

Треба да се помене дека пред извесно време клубови од С. Арабија нудеа 100 милиони евра на Барса како отштета и 15 милиони евра годишно за Рафиња, но до тој трансфер сепак не дојде.

Слични