ДУИ ја блокира работата на Комисијата за социјална политика: ПРИЧИНА Е БОЛЕСТ НА ЧЛЕН НА СЕМЕЈСТВОТО НА ПРАТЕНИК

Во Собранието денеска не се одржа седницата на Комиијата за социјална политика, демографија и млади, со која требаше да претседава пратеникот од Европскиот фронт Бејџан Иљаз. Тој беше назначен од претседателот на Собранието, Африм Гаши, да раководи со седницата на Комисијата, но одби да го стори тоа, со образложение дека не бил консултиран.

Пратеникот Иљаз денеска беше отсутен од Собранието, но во изјава за медиумите рече дека и да бил на работа, немаше да ја води седницата.

Работата на собраниската Кмисија за социјални работи, демографија и млади е блокирана повеќе месеци, а проблемот почна лани во септември, кога тогашната претседателка Илире Даути од Европскиот фронт одби да ги стави на дневен ред измените на Законот за бранители, со образложение дека во тој закон мора да се најдат и припадниците на поранешната ОНА. Даути поднесе оставка од претседателската функција откако во јануари мнозинството во Собранието ѝ изгласа интерпелација поради начинот на кој ја водее собраниската комисија. Тогаш пратениците од Европскиот фронт најавја дека нема да предлоат нов пратеник кој ќе раководи со Комисијата за социјала.

Иљаз вели дека седницата нема да се одржи затоа што Гаши без да го консултира ја закажал и него го назначил за претседавач.

– Нема да претседавам со Комисијата за социјална политика поради болест на член на семејството. Пораката за седницата од претседателот Гаши ја добив во петокот попладне и утрово ќе ги информирам собраниските служби дека нема да претседавам со седницата. Но, и да не беа субјективните причини, јас не гледам оправдана причина јас да претседавам со Комисијата поради начинот на кој на колешката Даути ѝ беше изгласана интерпелацијата – изјавил Иљаз за „Слободен печат“.

Тој смета дека треба да се избере нов претседател на Комисијата на местото на Даути или со работното тело треба да претседава заменик-претседателот. Иљаз решението го гледа во договор меѓу парламентарните партии, затоа што со таа Комисија треба да раководи пратеник од опозицијата.

Од Кабинетот на Гаши велат дека координаторот на Европски фронт ги известил дека пратеникот Бејџан Иљас денеска ќе биде отсутен од сите активности во Собранието.

Од Кабинетот информираат и дека претседателот Гаши до овој момент не ја променил одлуката Иљаз да претседава со седницата на Комисијата за социјална политика.

Слични